Филипче: Македонија нема набавено серолошки тестови од Кина

Македонија нема набавено серолошки тестови од кинеската компанија Биозек за јавното здравје, тврди за Телма, министерот за здравство Венко Филипче.

„Не, ние не сме купувале серолошки тестови во ниеден момент. Го снабдувавме Институтот за јавно здравје со тестови кои го анализираат вирусот, тоа се овие таканаречени PCR тестови. Но, имавме донации на серолошки тестови“, вели Филипче.

На прашањето дали ќе се поведе истрага за лошите кинеските тестови кои се користеле во една приватна болница, а тоа беше обелоденето со меѓународно истражување на ИРЛ и ОЦЦРП, Филипче рече дека тоа е во рацете на инспекторатите и евентуално во Агенцијата за лекови МАЛМЕД.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2020 - 17:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега