За матурантите учебната година ќе заврши на 19 мај
Државната матура нема да се полага оваа година, а учебната година ќе заврши на 10 јуни со воспоставеното далечинско учење, одлучи владата на дешената седница.
Воедно, Владата донесе измени на уредбите за примена на законите за основно, средно и високо образование за време на вонредна состојба.
-Со Уредбата за основното образование, се уредуваат роковите за објавување јавен повик за покривање на трошоците за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар на акредитираните здруженија на наставници, за запишување на децата во прво одделение во основно училиште, за продолжување на мандатот на органите за управување и раководење со основните училишта и за бројот на наставните денови“, информираат од владата.
Уредбите определуваат дека наставната година во основните и средните училишта ќе заврши на 10 јуни, додека пак за учениците од завршните години во средното образование ќе заврши на 19 мај 2020 година. Дотогаш, ќе се применува далечинско учење преку средства за електронска комуникација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа