Владата побара од Уставниот суд ја укине времената мерка за платите на вработените во СЈО

На денешната седница Владата му укажа на Уставниот суд да ја отфрли како неоснована времената мерка за Уредбата за платите на СЈО.

-На барање на Уставниот суд на Република „Северна“ Македонија, Владата денеска утврди мислење да му предложи на Уставниот суд во најкраток можен рок да ја укине изречената времена мерка, а поднесената иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на и законитоста на Уредбата со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите и за финансирање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите („Службен весник на Република „Северна“ Македонија” број 90/2020), во целост да ја отфрли како неоснована, велат од ВЛада.

На оваа седница Владата оформи мислење и за иницијативата доставена до Уставниот суд за оценување на уставноста на Уредбата за прашања поврзани со изборниот процес, во кое се истакнува дека одредбите од Уредбатa со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес се целосно во согласност со Уставот , и заради што на Уставниот суд поднесената иницијатива во целост да ја отфрли како неоснована.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2020 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега