Во кумановската болница вработени девет лекари и 12 медицински сестри
-Здравствениот персонал конкурираше на огласот од 24 јануари, по што следуваше жалбена постапка, па потоа се распушти Собранието. По почнувањето на состојбата со пандемијата, од Владата пристигна известување дека стопираните конкурси можат да се продолжат. Комисија ги отфрли приговорите, така што од денеска здравствениот персонал склучи договор на определено време со установата, изјави директорката на болницата, Снежана Захариева.
Вчера, беше укинат и посебниот режим на работа во Одделението за гинекологија и акушерство. Министерот за здравство, вчера информираше дека над 50 здравствени работници од 70 кои беа позитивни на Ковид 19 од болницата се вратени на работа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа