Шар Планина и Осоговски планини – две нови заштитени подрачја во државата

 

Владата на денешната седница ги усвои иницијативите за заштита на Шар Планина и Осоговските Планини.

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), согласно законската процедура за прогласување заштитени подрачја, во претстојниот период ќе бидат спроведени јавни расправи по предлозите со локалното население, како и со сите засегнати страни. По усогласувањето на мислењата и забелешките, ќе бидат изготвени конечни предлози за прогласување на овие локации.

– Прогласувањето на овие две подрачја, што содржат високо ниво на биолошки и културни вредности, за заштитени зони, покрај тоа што значи исполнување на националните и меѓународните обврски за заштита на пределската разновидност и биодиверзитет, значи и искористување на огромниот потенцијал за развој на локалната економија, односно одржливо управување со природните ресурси, преку обезбедување еко-системски услуги и екотуризам, порача министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Според МЖСПП, Владата донесе одлуки за прифатливост на предлозите на МЖСПП за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк и прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје во категоријата V – Заштитен предел.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2020 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега