Се скарал со сопругата, па и пукал во глава- кривична за 40- годишен арачиновец

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Н. (40) од од с.Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ во вршење семејно насилство и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 29.04.2020 околу 12.45 часот, во семејниот дом на улица „1“ во село Арачиново пријавениот, по претходна расправија со неговата сопруга Б.Н.(36) од пиштол испукал еден проектил кон неговата сопруга, по што се дал во бегство.

Б.Н. била пренесена во здравствена установа во село Арачиново, каде од лекар била констатирана смрт.

Околу 13.30 часот во близина на бензинска пумпа во село Арачиново, пријавениот бил лишен од слобода од полициски службеници, при што кај него било пронајден и одземен пиштол „берета“ кал.7.65 мм, кој го поседувал без дозвола и рамка со осум куршуми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2020 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега