Сообраќајка во Охрид: Маж изгубил контрола над возилото и излетал од патот

Возач и совозач се здобиле со телесни повреди при сообраќајна несреќа во Охрид.

-Вчера во 11:10 часот било пријавено дека на магистрален пат Охрид- Кичево Е.А.(41) од село Лабуништа, струшко, управувајќи патничко возило „БМВ“, со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил совозачот С.Н.(30) од село Лабуништа, по што биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2020 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега