Ги фатиле како прекршуваат полициски час, па биле агресивни кон полицајците

Две лица се приведени кои за време на полицискиот час агресивно се однесувале кон полициските службеници.

-Вчера во 19.00 часот од полициски службеници од СВР Скопје, на крстосница на ул.„Цветан Димов“ со ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, за време на ограничено движење, биле приведени Џ.А.(39) од с.Мојанци, скопско, и П.И.(26) од Скопје, кои агресивно се однесувале кон полициски службеници.

По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2020 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега