Со мотор паднал на автопатот Скопје – Велес, итно префрлен на Ургентен

 

47-годишен моторциклист вчерра изгубил контрола над моторот и паднал на автопатот Скопје – Велес, па поради тешките повреди бил пренесен на Ургентен.

-Вчера во 17.30 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, во близина на Катланово, А.Н.(47) од Скопје, управувајќи мотоцикл „пијаџо Х10 350“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола, удрил во оградата од автопатот и паднал. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, велат од полицијата.

 Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2020 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега