ВИДЕО: Началници во МВР со десетина лица играле оро во време на полициски час

Забава со караоке шоу и оро имало во тетовското село Копанце, каде присуствувале и полициски службеници за време на најдолгиот полициски час во земјава, дознава „А1он“. Од снимките до кои дојде „А1он“ може да се види дека на собиранката имало повеќе од десет лица, а забавата траела до доцните вечерни саати. Владата со уредба го забрани групирањето на повеќе од пет лица, а тоа го прекршиле сите, вклучувајќи ги и двајцата полицајци со високи чинови во МВР, односно кои работат како началници во две различни полициски станици.

„Во причната пријава во СВР Тетово, меѓу другото, било наведено дека меѓу учесниците на собирањето, односно забавата во село Копанце имало и вработени во МВР-СВР Тетово“, велат од Министерството за внатрешни работи за „А1он“.

Соседите пријавиле во полиција гласна музика, но за време на интервенцијата, полициските службеници не нашле никој, а музиката била исклучена. Уште пред тие да пристигнат, дворот за кој било пријавено дека има забава, бил празен. Ова го потврдија и од Министерството за внатрешни работи.

„Веднаш по пријавата излезено било на местото на настанот од полициски службеници, кои по пристигнувањето не констатирале ваков случај и не биле затекнати лица“, додаваат од МВР.

Сепак, снимките до кои дојде „А1он“ покажуваат дека имало забава во тетовско Копанце, а дали имало дојава за пријавата и интервенцијата кај началниците кои биле присутни на журката, веќе испитува СВР Тетово.

„СВР Тетово интензивно ги испитува овие поединости содржани во првичната пријава и работи на расчистување на настанот“, велат од МВР за „А1он“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2020 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега