Пожар во Скопје: Жена повредена при обид да се спаси

 

Пожар зафатил две куќи во Скопје, по што една жена била повредена и пренесена во болница откако скокнала од кат од куќата.

„На 22.04.2020 во 07.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Славеј Планина“ настанал пожар во кој биле зафатени две куќи, сопственост на Ј.Б.(44) и И.И.(45)“ соопшти полицијата.

Во пожарот Ј.Б. се здобила со повреди, откако скокнала од кат од куќа, по што била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Од екипи на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран и извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2020 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега