Се разгледува можноста за лекување со крвна плазма, но оваа терапија не помага секому

Протоколот за лекување со крвна плазма од ковалесценти е направен, а оваа недела за ова е дискутирано во стручните комисии и на Медицинскиот факултет, но сепак тоа е тип на терапија која не може секому да помогне, особено имајќи ја предвид непредвидливоста на болеста во потешките случаи.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали секој што се излекувал од Ковид-19 може да дарува крна плазна за лекување или има одредени правила.

-Крвна плазна заради антитела не може да даде кој било, треба да е во соодветна фаза, тие се пациенти кои се ковалесцентни, затоа што т.н. рековалесценти се целосно излекувани и тука нема ефект. Тоа не е тип на терапија, која може да помогне секаде, тешката форма на болеста е навистина тешка и ги напаѓа сите системи, рече Филипче и посочи дека има индикација кога точно се дава оваа терапија.

Во врска со учеството на земјава во програмата на СЗО Солидарност за најефикасен третман во лекувањето на заболени од Ковид-19, нагласи дека ние сме примени во студијата и сега сме во подготвителна фаза на размена на документација.

– Ние сме примени во студијата и сега сме во подготвителна фаза на размена на документација и треба да се види која од четири тераписки опции е практично со најдобар ефект. Предност е кога една држава е дел од некоја студија веднаш се стигнува до терпаевтските протоколи и не е проблем количината на лекови, рече Филипче.

Во врска со можноста да се промени формата на тестирањето, Филипче рече дека во моментов земајќи ја предвид епидемилошката слика и целокупната состоба во земјата, потребно е спроведување на стратрегијата која подразбира дијагностика само на  пациенти кои имаат симптоми и изолација на нивните контакти. Во некој подоцен момент можеби ќе мора да се прави скрининг на имунитетот на населението, но, како што рече министерот, не во овој момент.

Додаде дека и во овој момент идентификување на лицата кои ги почитуваат правилата на ограничување на движењето нема да даде никаков ефект.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега