Во автомобил да се возат најмногу тројца, вклучително и возачот и сите со заштитна опрема

Повеќе од тројца патници, вклучително и возачот не смеат да се возат во ист автомобил, е едно од ограничувањата за време на вонредната состојба во државава, соопшти Славјанка петривска, дополнителен  заменик на министерот за внатрешни работи.

На информативната видеосесија за ограниќувањата на движењата на граѓаните, односно полицискиот час со цел спречување на ширењето на коронавирусот Петровска прецизираше дека патниците во автомобилот треба да имаат заштитна опрема, ракавици и маска.

Доколку излегуваат на терен, односно се работи за службено патување, за тоа е потребно да имаат и дозвола за движење која е издадена од работодавачот, рече Петровска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега