Амбасадорите и нивните семејства во задолжителна контролирана самоизолација по влезот во Македонија

Владата на денешната седница го прифати  Протоколот за влез на странски дипломати акредитирани во земјава и членови на нивните семејства.  Според препораките од Главниот координтивен штаб, амбасадорите при влез во држaвава  треба да бидат спроведени во задолжителна контролирана самоизолација.

Воедно од Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата, министерства и другите органи на државната управа, се изземени вработените во Министерството за внатрешни работи и Царинската управа, со цел работното време за вработените лица во овие институции да биде осум часа, а надоместот за извршена прекувремена работа да биде исплатен по изминати осум часа работа.

На последната седница на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација на активностите за спречување на внесување и ширење е донесен и заклучок надлежните институции да ја разгледаат можноста за лицата кои треба да бидат вратени од Република Италија преку хуманитарен лет, да се продолжи рокот од 14 дена  за задолжително спроведување во државен карантин и да биде намалку 21 дена. Лицата треба да бидат сместени во еден објект кој ќе биде под постојан медицински и безбедносен надзор.

Според препораките, Министерството за здравство, во соработка со Град Скопје, треба да утврдат список и број на здравствени работници кои треба да користат превоз за работа во трета и четврта смена, со цел да се воспостави организиран превоз на одредени пунктови од страна на ЈСП.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега