Регионална болница за лекување на пациенти позитивни на оронавирус во Битола

На стотина метри од  Клиничката болница во Битола, се наоѓа Инфективното одделение. Овој објект кој е физички оддвоен од главната болница зграда  уште при самата изградба пред  половина век, сега станува Регионална болница за лекување на пациенти  позитивни на КОВИД-19  кои имаат средно тешка и тешка клиничка слика.  На располагање се   35 болнички кревети,  20 во одделот за изолација и 15 во одделот за  пациетни кои чекаат резултат од тестови, пренесува Телма.

-До днесе имаме четири пацинети кои се сместени во болничко лекување, а останатите пациенти во домашна изолација и домашен третман, а се контактираат двпати на ден од страна на дежурните инфектолози, вели Билјана Гагачова, директор на Клиничка болница Битола.

Регионалната болница има просторна можност за зголемување на капацитетот до 100 болнички кревети, што подразбира потреба и за  зголемување на медицинскиот персонал. Во монетот има 5 инфектолози кои засега целосно ги задоволуваат потребите и работат  во групи  по систем на двонеделана  ротација, за да се исклучи ризикот да заболи  целиот медицински персонал.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега