Кризен штаб Куманово: Бараме повеќе пунктови за тестирање за коронавирус

Kризниот штаб на Куманово бара Владата да го задолжи Институтот за јавно здравје правовремено да ги објавува резултатите од тестирањето за ковид-19, како и да се отворат дополнителни пунктови за тестирање во градот.

Од Владата се бара и уредба со која ќе се измени и дополни Законот за домување, за станбените домари да се задолжат да вршат редовна дезинфекција во зградите. Нови насоки има и за општината.

„Се задолжува општината да го затвори времениот зелен градски пазар, а на главниот градски пазар да ја врши дејноста како што претходно е наложено од ОШЗС и почитување на препораките донесени од Владата. Општината да направи реорганизација во работата на техничкиот и друг персонал во Домот за стари лица ‘Зафир Сајто’ – Куманово и по потреба да вклучи друг технички персонал од други јавни установи за потребите на домот, за да се обезбеди негово непречено работење“, се вели во соопштението.

Се препорачува на сите шпедиции, банки и други даватели на услуги, кои работат на граничниот премин Табановце, да го уредат својот начин на работење согласно уредбите и препораките на Владата.

Општината да го затвори градскиот парк „Соколана“, а граѓаните да не ги користат детските и забавни паркови кои се означени со ленти дека се затворени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега