После дождовите и снегот конечно вистинска пролет- какво време не очекува во текот на неделата

По дождовите и снеговите, како и по релативно студениот период кој што измина конечно кај нас може да очекуваме вистинска пролет, соопштува метеорологот Слачо Попоски.

Во текот на следните неколку денови, нашата територија ќе биде под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Времето ќе биде претежно сончево и релативно топло.

Осоебно топло ќе биде од четврток па натаму кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот некаде од 16 до 24 степени.

Во Скопскиот регион исто така ќе имаме претежно сончево и топло време, максималната дневна температура во текот на следните денови се очекува да се искачи некаде до околу 20, 21 степен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега