Студени утра, но сончеви и топли денови- следува вистинска пролет
Од денеска во земјава следува период на стабилно и претежно сончево и сè потопло време. До четврток утринските температури на некои места ќе бидат неколку степени под нулата, а потоа постепено ќе се зголемуваат.
Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со слаб до умерен североисточен ветер кој краткорајно ќе засилува. Утрото ќе биде студено и минималната температура ќе се движи од минус 4 до 5, додека дневната ќе се искачи од 8 до 20 степени.
Во Скопје, слично време со утринска температура до нула и дневна до 18 степени.
Од четврток дневните температури во повеќе населени места ќе бидат над 20 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа