Полицаец е еден од двајцата починати кумановци од Ковид-19

Еден од двата смртни случаи забележани попладнево во Куманово е 52-годишен полицаец. Нему вчера му било утврдено присуство на коронавирусот.

Како што објави Телма, полицаециецот бил ангажиран на новиот граничен премин Белановце кон Косово.

Во изминатите десетина дена не одел на работа бидејќи не се чувствувал добро.

-Вчера откако ги добил позитивните резултати на Ковид-19 била погребана и неговата мајка за која не е познато дали била заразена, јавува Телма.

Ова е прв полицаец кој подлегна на Ковид-19, а погребот поради состојбата најверојатно ќе се изврши без полициските почести за починат припадник на МВР.

Неговите колеги од преминот се во домашна изолација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега