Димитриевски: Оставени сме сами на себе

Кумановскиот градоначалник Максим Димиетриевски во вечерашното гостување на „Топ тема“ рече дека тој град е оставен сам на себе.

-Не се работи тука само за социјална помош и пакети. Министерството за труд и социјална политика е апсолутно отсутно. Не присуствува на ниту една седница на општинскиот штаб за заштита и спасување. Едноставно на штабовите се гледа како од второ ниво, рече Димитриевски.

Апелираше да се прават што е можно поголем број тестови.

-Едно е тоа што се случува горе, во кабинет, друго е што се случува долу на теренот. Ние побаравме да дојдат претставници од Министерство за здравство и Комисијата за заразни болести да ја посетат нашата кумановска болница за да ги утврдиме капацитетите бидејќи таа опслужува поширок регион. Но за жал втор ден немам одговор, рече Димитриевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега