Филипче: Вирусот не е пронајден во мајчино млеко, заразените родилки можат слободно да дојат

Досега вирусот не е најден во примероци на амнионска течност или мајчино млеко. Жените со COVID-19 можат да дојат ако сакаат, напиша министерот Венко Филипче на Фејсбук.

Според него, тие треба да практикуваат респираторна хигиена за време на доењето така што ќе носат маска таму каде ги има на располагање, да ги мијат рацете пред и после допирање на бебето, рутински да ги чистат и дезинфицираат површините што ги допреле.

Блискиот контакт и рано започнатото ексклузивно доење му овозможува на бебето да напредува.

Досега вирусот не е најден во примероци на амнионска течност или мајчино млеко. Жените со COVID-19 можат да дојат ако...

Posted by Венко Филипче on Monday, 6 April 2020

06.04.2020 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега