Спасовски: Годинава празниците ќе ги поминеме дома, Велигден и Рамзан ќе си ги честитаме преку телефон

На секој од нас му е јасно дека нашето живеење е целосно променето. Светот се бори со невидлив непријател кој секој ден зема огромен број жртви. Ниту една земја не успева да ги заштити своите граници, вирусот не бира кој ќе нападне и никој не е заштитен ниту поштеден. Светот веќе брои над 1,2 милиони заболени, а последиците кои се предизвикани по економиите и општествата не може да се пресметаат. Кај нас бројката ја надмина 550 граѓани. Постепено воведувавме мерки со кои успоривме ширње. Спремни го дочекавме првиот налет и во првата фаза успеавме да го амортизираме ударот. Мерките ги носевме етапно. Нашиот највисок и постојан приоритет е да ги заштитиме граѓаните. Следејќи ги искуствата на другите земји, пред нас, очекувавме и најавивме дека ќе влеземе во фаза кога епидемијата ќе го промени својот тек, а бројот на заразени ќе прогресира. На многумина ќе им потребен болнички третман. За жал некои ја изгубија биткаѕта, а ќе има и други луѓе кои ќе ја изгубат битката, кажа премиерот на државата Оливер Спасовски.

„Фазата во која влегуваме е фаза во која ги очекуваме најголемите предизвици, нова радикална фаза и за стабилноста на здравствениот систем, за индивидуалното и колективното здравје, за економијата. Секој од нас мора да даде максимален придонес во оваа критична фаза да ја поминеме со најмали можни штети. На крајот ќе го сопреме непријателот но оваа битка ќе трае. Само заедно можеме да ја намалиме силата на офанзвата.

Годинава празниците во овој период мораме и ќе ги поминеме дома. Оваа година верниците своите молитви ќе ги упатиме од дома. Велигденските пораки за победа над смртта да ги упатиме од дома. Истото ќе важи и за рамазанските пораки, од дома, телефонски, преку интернет, мсекој од својот сопствен дом, а не собрани по роднини и гости.,Тоа нема да не направи послеби верници, напротив, тоа ќе ни го зајакне духот, зашто сите знаеме дека со тоа спасуваме живот. Живот нема да загрозиме само ако останеме дома. Да се здружиме сите и да го запреме вирусот кој му се закани на целото човештво. Оваа битка можеме да ја добиеме само заедно, секој од нас е одговорен Сведете ги физичките контакти на минимум, останете дома колку што е можно повеќе Херојство е да се седи дома. Излегувајте само ако е неопходно, на работа или ако имате нужна потреба. Придржувајте се до најосновните мерки на заштита, хигиена, одржување на соодветна дистанца. Само така ќе се заштитите себеси, своите смејства, пријатели и здравствените работници кои во овие мигови се нашите херои. Држвата има капацитети, во моментов се активни повеќе од 1000 кревети во болничките капацитети. Но, ајде сите да се покажеме како херои и да не дозволиме да дојдеме до таму да ги полниме креветите во болниците“, кажа Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега