Четворица пациенти со Ковид 19 се лекуваат на штипското инфективно одделение

На штипското Инфективно одделение во моментов се лекуваат четворица пациенти позитивни на Ковид 19. Директорот на Клиничка болница-Штип, Алем Ѓеорѓијев вели дека претходно на болничко лекување беа двајца пациенти од Штип, а во изминатите два дена на ова одделение се хоспитализирани уште двајца пациенти од Кочани.

-Пациентите се со добра клиничка слика, но нивното лекување мора да биде во болнички услови. На одделението имаме и уште четворица пациенти од неколку општини, кои се со сомнителни симптоми на коронавирус и за нив инфектолозите чекаат да пристигнат резултатите од тестирањето, вели Ѓеорѓијев.

Тој истакна дека од вчера на помош на двете лекарки пристигнал и лекарот инфектолог од болницата во Струмица , откако 14 медицински лица се во превентивна самоизолација поради контакт со 80 годишна жена, на којашто два теста биле негативни, а третиот тест потврди дека е заразена со коронавирус

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега