Ѓуровски: Покрај економските последици од пандемијата треба да се внимава и на политичкиот систем

Актуелната глобална пандемија ќе има последици врз економијата, но треба да се биде внимателен да не се одрази врз демократијата и функционирањето на политичкиот систем на земјите членки и други во транзиција, порача денеска професорот Марјан Ѓуровски на онлајн дискусијата на тема „Глобалните закани, ризици, предизвици, можности и членството во НАТО“, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје и Американскиот центар за образование.

– Актуелната состојба ќе влијае врз принципот на нееднаквост меѓу земјите и деглобализација на започнатите процеси, наспроти зајакнување на националните безбедносни системи и зајакнување на домашните ресурси и преиспитување на јавните политики, истакна Ѓуровски.

Според него, со нашето членство во НАТО добиваме нова алатки за справување со коронавирусот и можност за активирање на механизмите за поддршка.

– Од трите принципи на кои почива НАТО за заедничка безбедност, колективна одбрана и управување со кризи врз основа на ова што денес ни се случува потребно е подобрување на механизмот за управување со кризи зошто се појави расчекор меѓу потребите и можностите, нагласи пред студентите Ѓуровски.

На дебатата на која обраќања имаа и претседателот Стево Пендаровски и премиерот Оливер Спасовски, професорот Ѓуровски се осврна и на потребата од современите безбедносни системи кои треба да воспостават сооднос помеѓуи поединецот и заедницата, внатрешната безбедност и транснационалната безбедност, мултидимензионалната безбедност и природните фактори во опкружувањето и глобалните закани.

– Економската, хуманата и социетална безбедност се клучен фактор за идната стабилност на земјата, и здраствената криза не смее да прерасне во безбендоста криза, порача Ѓуровски.

Тој нагласи дека мора да дојде до проширување на концептот на безбедност бидејќи тоа треба да даде одговор на потенцијалните закани, економскиот развој, уништување на животната средина, миграција и човекови права.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега