Ќерката на починат тетовец од коронавирус бара истрага за несовено лекување: „Позитивни сме јас и мајка ми“

Ќерката на 69-годишен тетовец кој почина од коронавирус, Наташа Апостоловска, се обрати преку социјалните мрежи. Таа тврди дека не добиле лекарска грижа додека татко и бил на лечење во Заводот за рехабилитација во Козле и бара да се спроведе истрага за
неговата смрт.

– Вчера вечер почина татко ми. Се надевам дека ќе спроведе истрага. Најжално е што поради тие лекари и јас и мајка ми се заразивме и сме позитивни, тие не преземаат ни морална обврска, а ние ниту на погреб не може да му одиме на татко ми. Само за нас важат законите, прописите и упатствата, објави денес Апостоловска на профилот на Твитер, означувајќи ги и прашувајќи ги министерот Филипче и Министерството за здравство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега