ОЈО отвори предмет против насилниците од Штип
Основното јавно обвинителство во Штип отвори предмет по допрен глас откако на социјалните мрежи и медиумите беа објавен видео записи во кои се гледа насилство извршено над едно лице.
-Во насока на обезбедување услови за непречено водење на натамошната постапка и расчистување на кривично правниот предмет преку прибирање на материјални и вербални докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип издаде насоки и наредби до надлежните институции за пронаоѓање на сторителите и нивно приведување во полициска станица. Обвинителството во континуитет презема дејствија со цел сторителите да ги изведе пред лицето на правдата, велат од ОЈО.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа