Филипче: Располагаме со сосема доволен број на тестови

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека Македонија располага со сосема доволен број на тестови.

-20.000 теста како донација веќе се на пат кон нашата земја, освен тестовите со коишто и сега располагаме и 5.000 тестови донација од една приватна наша лабораторија којашто ќе се вклучи во системот на изработка на анализите, на брисевите земени од пунктовите ширум државата, рече Филипче.

Вели дека поради големиот број на граѓани кај кои е индицирано тестирање од денеска работи уште еден пункт во Скопје, во поликлиниката во Чаир. Од среда, пак, ќе почне да работи тој во Млин Балкан со што, како што рече Филипче, капацитетот на тестирање во Скопје ќе биде двојно поголем.

Филипче информира дека завршена е анализата од стручната комисија на приватните лаборатории.

-Со нивното вклучување согласно договорите кои што ќе се направат со Фондот за здравствено осигурување, капацитетот значајно ќе се зголеми, рече Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега