Шекеринска со порака во Норфолк: Од денес се вее и нашето знаме во НАТО, заедно сме посилни

Денеска покрај во седиштето на НАТО во Брисел и во главната команда во Монс, државното знаме на Република Македонија беше кренато и во командата на НАТО за трансформации во Норфолк, САД, со што се одбележа нашето пристапување на нашата земја во НАТО

На церемонијата беше прочитано обраќање на министерката за одбрана Радмила Шекеринска во кое таа го истакна значењето на нашето членство во НАТО и придонесот на Алијансата во мирот и стабилноста во светот и во регионот.

Денес граѓаните на Северна Македонија ќе им се придружат на над милијарда луѓе кои стојат заедно за светскиот мир и просперитет - и нема зборови за да го искажеме нашето чувство за достигнување и радост“, вели министерката Шекеринска.

„Ова историско достигнување е резултат на тешки одлуки и години посветеност и реформи кои би биле невозможни без целосната поддршка од нашите граѓани. Ви благодарам на сите вас кои ја поддржавте Северна Македонија во овој процес и не дозволивте да ја изгубиме вербата до конечниот исход“, истакна таа во поздравното обраќање.

Министерката рече дека секоја генерација  има своја битка и додека нашите баби и дедовци, родители се бореле за слобода и независност, оваа генерација се избори да ја постави нашата земја на картата на демократските и напредни земји. „Нашето пристапување во НАТО е нашата прва победа“, порача Шекеринска нагласувајќи дека битката за зачленувањето во Алијансата започна пред 27 години и ги обедини сите граѓани.

 

„Иако денес не стојам овде со вас, дозволете ми да ве уверам дека секогаш ќе стојам зад универзалните вредности заедно со мојата земја“, истакна Шекеринска во поздравното обраќање на церемонијата во Норфолк, САД.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега