Скопјанка не го почитувала полицискиот час и агресивно се однесувала кон полицајци- лишена е од слобода

53-годишна скопјанка е приведена вчера откако по непочитување на полицискиот час агресивно се однесувала кон полициските службеници.

-Вчера во 16.30 часот на крстосницата на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ со ул.„Никола Карев“ во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје била лишена од слобода В.И.(53) од Скопје, поради непочитување на забраната за движење во време на „полициски час“ и нарушување на јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници при вршење на службени дејства.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.13 од ЗППЈРМ, а по целосно документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2020 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега