Вработен во гостиварска фабрика со тешки повреди донесен во болница

 

Вработен во фабрика во Гостивар се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи, информира МВР.

-Изминатата ноќ во 23:30 часот во Полициска станица Гостивар било пријавено дека во Медицински центар Гостивар бил донесен 34-годишниот Ј.Ј. од село Зубовце, општина Врапчиште, кој се повредил додека извршувал работни задачи во фабрика на ул.„ЈНА“ во Гостивар, при што се здобил со тешки телесни повреди. Увид извршила екипа од Полициска станица Гостивар, а за настанот е запознаен Јавен обвинител и Трудов инспектор - соопшти МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2020 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега