Портпаролот на Стејт департментот преку видео порака посака добредојде на Македонија во НАТО

„Северна“ Македонија покажа цврсти заложби за трансатлантската заедница и кон нејзините заеднички вредности и безбедност, изјави портпаролката на Стејт департмент Морган Ортагус, посакувајќи ѝ добредојде на нашата земја во НАТО.

Таа им го честиташе на македонските граѓани овој значен момент.

-„Северна“ Македонија испрати речиси 4.000 војници во операциите на НАТО од 2002 година. Овие трупи се борат заедно со Американците во Ирак и Авганистан, и придонесуваат во коалицијата што го порази калифатот на Исламската држава, рече таа во видео порака.

Додаде дека државниот секретар Помпео при посетата на државата минатата есен изјавил дека „иднината им припаѓа на суверените и независни држави, кои ги штитат нивните граѓани, ги почитуваат нивните соседи и ги ценат разликите што секоја земја ја прават специфична и уникатна. САД остануваат цврсто посветени на Членот 5 на НАТО и ќе останат да партнери на Македонија, за безбедноста и просперитетот на нејзините граѓани, регионот и на светот“.

27.03.2020 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега