Артилериска стрелба по повод членството во НАТО

Со чинот на истрелување на шест плотуни од артилериски орудија на артилерискиот баталјон на Армијата од касарната ,,Илинден“ во Скопје, на симболичен начин се означи официјалното пристапување на Република „Северна“ Македонија во НАТО како нејзина триесетта полноправна членка, велат од Генералштабот на Армијата.

Истрелувањето на артилериските плотуни се изврши веднаш по депонирањето на пристапниот протокол во Стејт Департментот, кој беше финалниот акт за формализирање на полноправното членство во НАТО, со што се целосно се оствари оваа стратегиска определба на Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 19:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега