Излегле надвор од својот дом: Кичевчанец и охриѓанец не ја почитувале наредбата за самоизолација

Охриѓанец и кичевчанец кои потпишале изјава за самоизолација добиле кривична пријава откако не биле пронајдени во нивните домови, информира МВР.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61-годишниот Т.Ц. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 21.03.2020 во 13:00 часот на ул.,,7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници при извршена проверка не го пронашле Т.Ц. на пријавената адреса, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против 46-годишниот Б.С. од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 15.03.2020 во 07:57 часот пријавениот, остварил влез од Р.Австрија на Граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје, а на 24.03.2020 околу 15:45 часот, на ул.„Партизански одреди“ во Кичево, при проверка од полициски службеници во неговиот дом, било констатирано дека иако на 17.03.2020 потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерство за здравство, Б.С. не се придржувал на изречените мерки. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега