Сопственици на угостителски објекти во Центар Жупа и Дебар ги отвориле своите ресторани и покрај забраната од Владата

Две лица од територијата на Центар Жупа и Дебар добиле кривични пријави откако биле фатени дека ги отвораат своите угостителски објекти и поркај забраната.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против 47-годишниот Н.М. од село Броштица, Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 22.03.2020 во 18:00 часот полициски службеници, при контрола на угостителски објект во село Броштица, Центар Жупа, сопственост на  пријавениот, констатирале дека истиот не се придржувал на издадените наредби и препораки на Владата на Р.С.Македонија и го отворил угостителскиот објект.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против 61-годишниот Р.Ф. од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 21.03.2020 во 05:55 часот, при контрола од полициски службеници било констатирано дека Р.Ф., како сопственик на угостителски објект на ул.„Братство - Единство“, не се придржувал на издадените наредби и препораки на Владата на Р.С.Македонија и го отворил угостителскиот објект.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега