Зголемен бројот на пешаци жртви на несреќи за 50 %

Во Македонија бројот на пешаци  жртви на  несреќи од почетокот на годинава во однос на лани е зголемен за 50 проценти. 

Денеска почнаа активности за подигање на свеста  кај пешаците и кај возачите за поголема безбедност во сообраќајот. Активностите се дел од  Глобалната недела за безбедност на патиштата на ОН што годинава е посветена на безбедноста на пешаците.

- Се надеваме дека бројот од пет милиони жртви и 50 милиони повредени во целиот свет со вакви активности ќе се намали и оти ќе ги  поттикнеме сите учесници во сообраќајот особено пешаците  да внимаваат на сопствената безбедност и оваа катастрофална бројка да ја намалиме, изјави Димитар Миновски, генерален секретар на АСМСМ.

- Бројот на новоположени  лица за возачки испити  расте и активностите секако треба на некој  начин да се насочат кон помладите категории, а тоа мора да биде во координација со повеќе јавни органи за да може да се подгне јавната светс кај пешаците. Сообраќајната култура се гради  подолг период, а искуството на возење како возач не мора да значи дека тој мора да биде ризичен  учесник во сообраќајот бидејќи сообраќајната свест се гради со години, рече Миновски, истакнувајќи оти е особено значаен и личниот пример на постарите возачи.

Директорот на  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот РСБС Никола Ангеловски апелира сите учесници во сообраќајот, особено пешаците, да внимаваат каде поминуваат и да ги користат пешачките премини.

- Бројот на жртви  годинава во однос на лани, за жал, е зголемен за повеќе од 50 проценти. И пешаците треба да внимаваат, но и несовесните  возачи. На повеќе места се користат  премините, но не во цел град. Кај Градската болница и на некои други  пофреквентни места навистина има проблем бидејќи  пешаците не ги користат пешачките премини, а возачите се доведуваат во ситуација да го успоруваат сообраќајот и можни се и одредени сообраќајни незгоди, изјави Ангеловски.

Утре како дел од предвидените активности во рамки на Глобалната недела, според најавите од АМСМ,  ќе се делат флаери со поуки до пешаците на пешачкиот премин кај „Југодрво“,  локација на која се регистрирани и најголеми повреди.

 

најчитано сега