УКИМ доделува 230 стипендии за бруцошите

Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе доделува стипендии на студентите запишани во прва година на прв циклус студии на факултетите при Универзитетот во учебната 2013/2014 година.

Се предвидува за учебната 2013/2014 година да бидат доделени 230 стипендии, распоредени по 10 за секој факултет.

Износот на секоја стипендија е во висина на партиципацијата утврдена со Конкурсот за соодветниот факултет.

Стипендијата ја покрива школарината за првата година од студиите. 

ФОТО:Сител

најчитано сега