Георгиевски: Доколку се исполнат капацитетите во Скопје, да се направи простор во Охрид за тешки случаи

Охрид има еден од поразвиените локални здравствени системи и ние сме подготвени доколку ситуацијата се влоши во Скопје, дел од евентуалните потешки случаи да ги преземеме овде, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски.

Доколку се исполнат капацитетите во Скопје, Охрид може да направи простор за тешки случаи.

-Имаме редовни состаноци со лекарските установи. Здравствениот систем во Охрид е прилично развиен, имаме кардиоваскуларно одделение, Општа болница како и специјална установа за ортопедија. Сите тие располагаат со добар квантум на човечки и материјални ресурси па имаме соодветен план доколку се исполнат капацитетите во Скопје, да се направи простор во Охрид за тешки случаи, вели Георгиевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2020 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега