Димитриевски бара целосен карантин на Куманово: Повеќе од потребно е да се делува со поригорозни мерки

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска, во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ соопшти дека од централната власт ќе побара целосен карантин на неговиот град, бидејќи како што вели, иако граѓаните главно ги почитуваат мерките, тој не сака неговиот град да стане ново жариште како Дебар.

-Повеќе од потребно е да се делува со поригорозни мерки кои можат да го спречат ова или да го намалат корона вирусот, по примерот на светските метрополи. Иако мерките главно се почитуваат, мерките се злоупотребуваа од страна на поединици, но верувам дека денеска Владата на седница ќе излезе во пресрет и ќе воведе порертриктивни мерки со цел да останеме дома во самоизолација да ја намалиме можноста за заеднички контакти. Мислам дека граѓаните ја сфаќаат ситуацијата, но има такви со лични ставови на кои им сметаат, а еднаш реков, било какво остварување на личен доход е помалку значајно од здравјето на граѓаните, вели Димитриевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2020 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега