Четириесетина лица однесени во првиот државен карантин во хотелот Ибис

Четириесетина лица кои што синоќа влегле во Македонија, воглавно на граничниот премин Деве Баир, се однесени директно во хотелот “Ибис” кај трговскиот центар “Олимпико” во населбата Тафталиџе како дел од мерките за справување со ширењето на вирусот Ковид-19, пренесува ИРЛ.

Ова е воедно и првиот државен карантин којшто владата го најави како мерка согласно одлуките од последната седница. Дежурниот тим на ИРЛ беше на терен за да види како се спроведува првиот полициски час кој започна во 21 часот вечерва, кога здогледа како поголема група луѓе влегуваат во овој хотел.

„Државата за овие карантини ќе плаќа околу 600 денари од човек по ден, во кои што ќе бидат вклучени и три оброци, рече генералниот секретар Драги Рашковски во куса изјава за ИРЛ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2020 - 08:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега