Османи: Постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ постигнаа консензус за почеток на преговорите со Македонија

Постојаните претставници на земјите членки на ЕУ постигнаа консензус за одлука за започнување на преговори со Македонија. Безусловна и со безусловно барање за одржување на првата меѓувладина конференција веднаш после одобрување на преговарачката рамка. Таа одлука очекуваме денеска да се потврди, а понатаму на 24 од страна на министрите за Европа и за надворешни работи на ГАК и потоа на самитот на премиерите на 26 во вид на видеоконференција.

Ова на денешната прес-конференција го истакна вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Според него, ова е исклучителна добра вест поради тоа што претставува консензус на сите земји-членки по сите разлики кои што постоеја во последните 15 години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2020 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега