Сончево со температура до 18 степени

Времето во земјава ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 3, а дневната од 12 до 18 степени.

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 17 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно време со постудени утра и со постепен пораст на дневната температура. Во недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои во текот на ноќта и во понеделник поради значителното заладување на места ќе преминат во снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2020 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега