ФИТР ќе го презентира новиот предизвик КРЕАТОН

Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе одржи онлајн прес-конференција на која ќе бидат презентирани деталите за новиот предизвик КРЕАТОН, чија цел е прибирање идеи за развој на дигитални и други алатки и решенија наменети за различни старосни групи и категории на граѓани за побезбедно и поквалитетно справување со новонастанатите околности по прогласената пандемија од Ковид-19.

Како што наведуваат од ФИТР, предизвикот е поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и други партнери, односно експерти.

-Со овој повик ФИТР како одговорна институција се вклучува во напорите за подигање на свеста за почитување на препораките и ограничувањата за справување со епидемијата од коронавирусот и последиците од неа. Од друга страна, целта е да ги поттикнеме и мотивираме граѓаните, организациите и компаниите да развијат иновативни и креативни решенија за обезбедување подобар квалитет на животот во овие вонредни околности, наведуваат од Фондот.

Во согласност со мерките за превенција и со цел заштита на новинарите, прес-конференцијата ќе биде исклучиво онлајн и пренесувана на Фејсбук страницата и Јутјуб-каналот на ФИТР со почеток во 12 часот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2020 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега