Мицкоски: Важно е да ја сочуваме присебноста, оваа состојба заедно ќе ја победиме

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „Клик плус“ апелираше за разум и апелираше до сите граѓани дека оваа состојба заедно ќе биде победена, без разлика што во државата имаме политички профитери и целата ситуација ќе им се удри од глава.

-Важно е да ја сочуваме присебноста, да го сочуваме разумот, а до политичарите во Владата пособено до оние во министерството за финансии и финансиските институции ги замолувам сериозно да ги разгледаат нашите предлози да бидат партнер со бизнисот, да не дозволиме да го уништиме бизнисот, а потоа да ни требаат месеци повторно да го воспоставиме., истакна Мицкоски.

Тој додаде дека здравјето на граѓаните е пред се и над се и да се бориме да го сочуваме здравјето на граѓаните.

Тој исто така им изрази благодарност и на лицата кои се во првите редови со справување на епидемијата, но и упати апел и до властите да ги разгледаат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ.

-За да им помогнеме на оние лице коишто се во првата борбена линија со пандемијата на коронавирусот потребни ни се средства со коишто ќе обезбедиме доволно заштитни алатки и доволно мотивација за тие луѓе. Не ги отфрлајте предлозите, затоа што Мицковски ги дал предлозите или ВМРО-ДПМНЕ, разгледајте ги и ќе најдете кавалитетни предлози, бидејќи знаеме како треба да се справуваме и знаеме дека можеме ова да го пребродиме заедно истакна Мицкоски

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2020 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега