Седум нови лица позитивни на коронавирусот

Седум нови потврдени случаи со коронавирус, три од Дебар, четири од Скопје, информира Министерството за здравство.

-Министерството  за здравство информира дека во рамките на процесот за ран скрининг на заболени од коронавирус кој започна во неколку општини, попладнево се направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни 8 кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје, се вели во соопштението од МЗ.

Во текот на денешниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата, состојба до 21:00 часот, изнесува 42. 

Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија. Во моментов, се работат уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот. За резултатите од овие тестови, Министерството за здравство ќе информира во текот на утрешниот ден, велат од МЗ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2020 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега