Се расправал и им се заканувал на вработени во болница - уапсен маж од Гостивар

 

Вчера во околу 13:30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 73-годишниот гостиварец Н.Н., кој претходно во гостиварската болница вербално се расправал и им се заканувал на вработените, информира МВР. Нешто подоцна, во неговиот дом биле пронајдени и одземени ловечка пушка, пиштол и седум куршуми. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2020 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега