МИОА: ЕК го нотира позитивниот исчекор во реформата на јавната администрација
Министерството за информатичко општетство и администрација соопшти дека нотираниот прогрес на земјата во Извештајот на ЕК во делот на јавната администрација е потврда за трудот и посветеноста на реформите во овој сектор, како сервис на граѓаните.
– Северна Македонија продолжува да бележи прогрес во реформата на јавната администрација. Вака, Европската комисија го започнува делот посветен на јавната админстрација во последниот извештај. Фокусот е на обезбедување побрзи и поквалитетни услуги до граѓаните, а тоа се овозможува со новиот Национален портал за е-услуги. Дополнително, Централниот регистар на население, е ставен во функција и претставува единствена база на податоци за населението, со унифицирани и верифицирани информации. На овој начин, ЕК уште еднаш потврдува дека основа на реформата и професионализацијата на јавната администрација е дигитализацијата, се наведува во соопштението.
Извештајот се, додава, се осврнува и на прогресот постигнат во делот на транспарентноста и инклузивноста при креирањето на политики и носењето на одлуки, каде се потенцира новиот портал за отворени податоци и Стратегијата за транспарентност 2019-2021.
– За нас како Министерство за информатичко општество и админстрација, позитивната оценка во Извештајот е потврда за трудот и посветеноста за реформа на јавната админстрација, како сервис на граѓаните. Дополнително, ова претставува и обврска да продолжиме во истата насока, се со една цел а тоа е подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, се додава во соопштението од МИОА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа