„Независне новине“: Италијанците го заплениле кокаинот и испратиле лажна пратка со систем за следење

Кокаин во количина од 1.128 килограми бил запленет во Италија, а лажна пратка со околу еден килограм дрога била запечатена со систем за следење за кого е наменета толку голема количина дрога, пишува Независне“.

Кокаинот е во вредност од околу 50 милиони евра, требало да завршни во Северна Македонија, но најголемиот дел во БиХ, објави босанскиот весник „Независне новине“.

Според сознанијата на овој медиум, дрогата спакувана во неколку контејнери била запленета на пристаниште во Италија. Италијанската полиција од контејнерите извадила 970 пакети кокаин кои заедно тежеле 1 128 килограни (1,2 тони). Кога ја откриле, Италијанците ја заплениле дрогата и испратиле лажна пратка во која оставиле само околу еден килограм дрога запакувана со систем за следење.

Како што пишува „Независне новине“, пратката понатаму продолжила по планираната рута, стигнала во Бар, Црна Гора, каде за да ги подигнат пакетите пристигнале вкупно шест камиони, четири од Северна Македонија, два од БиХ. Камионите ги земале контејнерите и тргнале назад не знаејќи дека всушност превезуваат само еден килограм кокаин кој го следат.

Државната агенција за истраги и заштита во БиХ, потврдила дека учествувала во меѓународната акција и дека уапсила вкупно две лица.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на прес-конференцијата рече дека кај нас е запленет еден килограм и дека останатата количина е во друга земја, но не кажа во која, како што рече, во интерес на истрагата.

За самата акција кажа дека е резултат на меѓународна полициска соработка за прекин на меѓународен канал на шверц со дрога од Колумбија.

На заплената ѝ претходела акција која траела од 17 до 19 февруари во која биле вклучени МВР, Царината и Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Во земјава кокаинот влегол преку граничниот премин „Ќафасан“, во камион кој носел банани. Камионот го возел црногорски државјанин. Акцијата добила завршница кога камионот со пакетите банани пристигнал во магацинот на фирмата „Банекс компани“ ДООЕЛ во Крушопек, која според Чулев била крајниот примател. Во рамки на акцијата, МВР тогаш ги уапси сопственикот на фирмата, возачот на камионот, синот на сопственикот и еден од работниците.

Дополнителната заменик-министерка во МВР, Славјанка Петровска, пак, синоќа го прозва Чулев за пробивање на акцијата.

Во нејзиното вчерашно гостување во емисијата „360 степени, таа рече дека министерот добил предупредување од италијанските власти дека издавањето информации во јавноста за акција што е во тек е крајно несоодветно.

„Со издавање на информациите однапред и соопштување дека станува збор за огромна акција од страна на министерот Чулев, се информирани и структури што не треба да бидат информирани во тој момент дека во нашата земја се одвива акција“, вели Петровска.

Според неа, најголеми последици за акцијата имало во Босна и Херцеговина, каде исто како и во земјава, била следена контролирана пратка на кокаин. „И на крај, бидејќи акцијата е пробиена, не е постигнат посакуваниот ефект ододносно она што италијанските власти очекувале дека ќе се случи“, вели дополнителната заменик-министерка во МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2020 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега