Фотографии од Јанева прикажани на судење: Катица седи на гарнитурата, а пред неа снопче пари со банкноти од по 500 евра

Во судница беа презентирани фотографии од домот на Јанева. На две од нив, Јанева седи на гарнитура, а на масата пред неа стои и снопче со пари, со банкноти од по 500 евра.

-На фотографијата направена на 4 февруари 2019 се гледа Катица Јанева како седи во својот дом, седи на гарнитура. На масата има снопче пари, во евра, слатки работи, банкноти од по 500 евра, рече обвинителката Ивана Трајчева.

Беа прикажени и фотографии од 23 јануари 2019, од 22 феврари 2019 година, од 14.12 2018 година, од 8. 12. 2018 , а освен фотографии беа прикажани и кратки видеа. Видеата траат неколку секунди, а и на нив како и на фотографиите, се гледа како Јанева седи дома, пуши цигара и вели вели: Како ќе одлучат, така ќе планираме.

Снопчето пари се забележува и на кратките видеа.

Беше прикажана и фотографија од  28.12 2018 сликана во ресторанот Ден и ноќ. Јанева, како што рече обвинителката, во десната рака држи плик и пробува да го стави во ташна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2020 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега