Османи се сретна со Јанакакис: Ќе останеме посветени на целосно спроведување на сите обврски на земјава

Заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи денес оствари средба со амбасадорот на Република Грција, Димитрис Јанакакис, на која беа отворени прашањата за односите меѓу двете земји, актуелностите при спроведувањето на Договорот од Преспа, а во контекст на европските интеграции на земјава.

„Како Секретаријат задолжен за европските прашања, во континуитет се залагаме и повикуваме на целосно почитување на Уставот, законот, ратификуваните договори и другите акти, особено оние кои претставуваат темел на нашите европски интеграции. Почитувањето и доследното спроведување на Законот за употреба на јазиците, Договорот од Преспа, не само што претставуваат законски обврски, туку се во насока и на остварување на европските и евроатланските перспективи на земјава“ истакна Османи на средбата, коментирајќи ги последните актуелни случувања кои беа предизвикани од дел од техничките министри во Владата.

Османи упати уверување до амбасадорот Јанакакис, дека Секретаријатот за европски прашања, и лично тој како Вицепремиер, ќе останат посветени на целосно спроведување на сите обврски на земјава, како гаранција за нашите европски и евроатлански перспективи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2020 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега