Заев: Во Законот за ЈО нема скриена амнестија

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска на прес конференција во партиското седиште рече дека „раководството на ВМРО-ДПМНЕ, дел од нив и пратеници генерално осомничени или веќе обвинети луѓе вршат притисок врз пратениците“ за да не гласаат за предлог законот за Јавно обвинителство.

„Имаме закон кој во неговата подготовка беше помогнат од Европската делегација овде во Скопје и од Американската амбасада. Консултирани се сите практичари, од републичкиот обвинител и другите“, рече Заев.

Тој не прецизираше дали има обезбедено поддршка од 80 пратеници колку што се потребни за да се изгласа законот, рече дека имал збор од најмалку 80 пратеници, но дека ги „нема гласовите на пратениците во рака„ и дека „мегданот е до крајот на оваа седмица“.

Заев тврди дека во предлог законот за ЈО нема скриена амнестија нешто што вчера го тврдеше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој рече дека со законот за ЈО Заев спроведува операција за амнестија на себе, своите блиски и како што ги нарече неговите послушници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2020 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега